Удар за српските екипи: АБА и европските мечеви без публика

Соседна Србија како начин на превенција од ширењето на коронавирусот денес изнесе зачудувачка одлука. Власта во оваа земја најави дека сите спортски натпревари кои се играат во сала ќе бидат пред празни трибини, но стадионите остануваат отворени за јавноста. 

Ова е голем удар за кошаркарските екипи на Партизан и Црвена Звезда. Црно - белите ги очекува четврфинален натпервар со Уникс во Еврокупот, а без навивачи ќе го играат и полуфиналето од АБА лигата. 

Слична е ситуацијата и за Звезда, која прво ќе ја нема поддршката од фановите во последното коло на регионалното натпреварување против Задар. Потоа во Евролигата ќе го дочека Армани Милано и првиот полуфинален дуел од АБА конкуренцијата. 

Исто така и Мега Бемакс ќе го пречека Морнар во одлучувачкиот дуел за опстанок во елитата на балканот.