Удар за Сакраменто, заврши сезоната за една од ѕвездите

Лоши вести пристигнуваат за Сакраменто, откако стана јасно дека Зек Лавин повеќе нема да се појави на теренот оваа сезона.

Според информациите од САД, бекот бил подложен на операција на десната рака и нема да може да се рехабилитира навреме за враќање во финишот од шампионатот.

Лавин во тековната сезона во НБА имаше просек од 19,2 поени, 2,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар, бројки кои ќе биде тешко да се надоместат во ростерот.

Сакраменто во моментов се наоѓа на последната позиција во Западната конференција со учинок од 12 победи и 44 порази. Отсуството на еден од најважните кошаркари е дополнителен удар за амбициите на тимот.