Удар за Маџари: Без најдобриот играч во финалната серија со МЗТ

Дебитантот во Суперлигата, екипата на Маџари, доби сериозен удар пред стартот на финалната серија со МЗТ Скопје, откако поради повреда во наредниот период нема да може да смета на еден од своите најважни кошаркари Џејвон Грин.

Од клубот јавно му се заблагодарија на Грин за огромниот придонес, борбеноста и посветеноста што ги покажал во досегашниот дел од сезоната, во која Маџари стигна до историски успех и пласман во финалето уште во првата сезона во Суперлигата. Пред денешниот натпревар, Грини испрати емотивна порака до соиграчите и навивачите.

„Овој натпревар е нешто за кое работевме цела сезона. Да играме финале уште во првата година во Суперлигата е огромен успех, но не сакаме да застанеме тука. МЗТ Скопје е одличен тим и мора да излеземе со многу енергија, борба и карактер. Ќе ни треба и поддршката од нашата публика, сакам навивачите на Маџари да бидат гласни и да нè носат напред во текот на целиот натпревар“, порача кошаркарот.

Од кошаркарскиот клуб Маџари на Грин му посакаа успешно закрепнување и што побрзо враќање на терените, каде што, како што велат од клубот, припаѓа заедно со тимот.