ВИДЕО: Убре се обиде да го заплаши Лука, погледнете ја казната на Словенецот

Убре Дончиќ

Лука Дончиќ одново беше најдобар стрелец за Далас во новата домашна победа. Словенецот постигна 30 поени и го доби директниот дуел со својот чувар, Кели Убре.

Поранешниот член на Вашингтон го прифати предизвикот и постави навидум цврста одбрана против 19-годишната словенечка сензација. Но, конечниот резултат, а и учинокот на плејмејкерот на Маверикси покажуваат дека работата не си ја завршил на посакуваниот начин.

Во еден момент тој со рацете удри на паркетот во обид да го заплаши Дончиќ, но за возврат доби поени и мала лекција од неговиот противник.