Великодушен гест од Јокиќ: По еден „Ролекс“ за сите во српскиот национален тим

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, реши да ги дарува своите колеги од репрезентацијата со часовник „Ролекс“, поради одличниот настап на Олимписките игри и освоениот бронзен медал во француската престолнина. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GALERIA NBA (@galerianba)

„Џокерот“ реши да им подари по еден часовник на сите играчи и членови на стручниот штаб, а за оваа пригода потрошил сума од околу 360.000 долари, јавуваат американските медиуми. Србија загуби во полуфиналето од „дрим-тимот“ на Соединетите Американски Држави, но во мечот за бронзениот медал без поголеми проблеми ја совлада селекцијата на Германија

Јокиќ и неговите Денвер Нагетс се подготвуваат за почетокот на новата НБА сезона, која стартува на 22 октомври.