Турскиот талент од МЗТ замина во друг клуб, но ќе игра АБА-лига!

Турскиот кошаркарски талент Демир Доган го напушти тимот на МЗТ Скопје Уни Банка и кариерата ќе ја продолжи во Црна Гора каде ќе го носи дресот на Студенски Центар.

Клубот се натпреварува во АБА-лигата, па така, Доган ќе има шанса да се сретне против некои од поранешните соиграчи од Аеродром поради фактот дека МЗТ се врати во јадранската кошаркарска елита.

Крилниот центар кој е висок 207 сантиметри важи за најдобар играч во Турција од генерацијата 2006 година. Минатата сезона Доган играше на Челенџерот на ФИБА каде во просек даде 16,2 поени, 9,4 скока, 2,2 асистенции, 2,4 блокади.

Турчинот играше за МЗТ 2 во сезоната 2021/22 и се најде во ростерот на 22 меча во Суперлигата, а претходно беше дел од турски Бешикташ.