Турскиот талент од МЗТ доби деби-повик во репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Турција го одреди ростерот на играчи за квалификациските дуели на патот кон Светското првенство во 2023 година. 

На списокот на селекторот Ергин Атаман се најде и кошаркарот на МЗТ Скопје, Самет Јигитоглу. 18-годишното момче кое настапува на центарските позиции првпат ќе добие шанса во сениорскиот состав на Турција, откако досега играше за јуниорските тимови. 

Јигитоглу е еден од 16-те кошаркари на списокот за дуелот со Белгија кој ќе се одигра на 11 ноември во „Синан Ердем Дом“ во Истанбул. Ова е уште еден мотив повеќе за младиот кошаркар на почетокот на сенироската кариера. 

Сезонава Јигитоглу се здоби со првотимски статус во МЗТ Скопје, дури и успеа да го преземе местото во стартната петорка од Еван Максвел.