Турскиот геније е „пеницилин“ за Реал, титулата во Берлин со јасна посвета

Ергин Атаман е „пеницилинот“ за Реал Мадрид. Турскиот тренер го победи големиот шпански клуб и со Анадолу Ефес и со Панатинаикос и потврди дека се работи за голем тренер. Во своето четврто финале во последните шест години стгигна до третата европска титула.

По натпреварот турскиот тренер му ја посвети титулата на неговиот починат татко, кој го напушти овој свет.

Панатинаикос останува најдобра европска екипа по процент на победени финалиња, бидејќи вечерва го подигна седмиот трофеј во осмото финале. Атаман тргнува по стапките на Обрадовиќ, кој со шест титули како тренер на Панатинаикос е недостижен.

Кошаркарите на Панатинаикос титулата ја прославија со претседателот Јаникопулос, кој по потписот на Слукас минатото лето, ги постави темелите за оваа титула.