Турк Телеком значително се засили: Енис и Декер се селат во Анкара

Дали турската кошарка добива нов гигант? Турк телеком од Анкара значително се засили и ќе се обиде да им ги помрси сметките на клубовите од Истанбул. Нови членови на Турк Телеком се Тајлер Енис, канадскиот интернационалец кој доаѓа од Фенербахче.

Енис се враќа по тешката повреда и треба да му биде од голема помош на клубот од Анкара. Исто така, тимот на Турк Телеком се засили и со Сем Декер, кој минатата сезона настапуваше за рускиот Локомотив Кубан.

Сепак, Турк Телеком мораше да се помири и со едно заминување, откако поранешниот кошаркар на Бостон Селтик, РЏ Хантер ја напушти Анкара и потпиша за Галатасарај.