По цели осум месеци пауза поради повреда вчера на кошаркарските терени им се врати францускиот центар на Фенербахче, Жофри Ловерњ. На натпреварот од турската лига, Фенер го победи Бахчешехир со 74-60, а најефикасен поединец во истанбулскиот тим беше токму Ловерњ, кој реализираше 13 поени.