Европскиот првак договори засилување од НБА лигата
По историската сезона во која Фенербахче ја освои тројната круна, доминирајќи и на домашната сцена и во Евролигата, турскиот гигант продолжува со засилувањата за нови предизвици. Најново име во редовите на клубот е американскиот кошаркар Брендон Бостон.