• Мартин Танасковски

Кошаркарската репрезентација на Турција доживеа пораз од Грузија по две продолженија, но овој меч ќе има „трето полувреме“ затоа што веројатно ќе се решава на зелена маса за исходот на истиот.
Турците испратија протест за резултатот и го облжалија затоа што за време на тепачката која ја предизвикаа Коркмаз и Дуда Санадѕе снемало секунди од часовникот. Во жалбата на Турција стои дека фалат 22 секунди. Се наведува во жалбата дека тепачката започнала на 4:48 минути до крајот, а натпреварот продолжил со 4:26 секунди во продолжението кога тензијата се смирила.
Исто така, од таборот на Турците соопштија дека тројца Грузијци за време натпреварот го нападнале и го удриле Коркмаз пред соблекувалните. Целиот момент се случил кога играчот бил исклучен поради тепачката.
Заменик-претседателот Омер Онан најави дека Турција нема да продолжи да игра на ЕП ако не се набават снимки од сигурносните камери за да се расветли инцидентот и да се пронајдат напаѓачите.