Турција на крилјата на Алперен Шенгун ја доби контролката со Литванија

Кошаркарите на Турција ја победија селекцијата на Литванија во пријателскиот натпревар во Вилнус (81-84), кој беше одигран во рамките на подготовките за Европското првенство. 

Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Алперен Шенгун со 25 поени, а уште тринаесет додаде охриѓанецот Чеди Осман. Два помалку постигна плејмејкерот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин. 

Турција ја контролираше играта уште од почетокот и водеше во најголем дел од мечот. Литванија не се предаваше, но не успеа да куртули од пораз пред своите навивачи. 

На крајот, како пресудна се покажа само една загубена топка во финишот од натпреварот, оставајќи го домаќинот со празни раце. 

Робас Јокубаитис постигна 19 поени за Литванија, на кои придоаде седум скокови и шест асистенции, а двоцифрен беше и Јонас Валанчунас (десет поени и четири скокови). За Литванците ова беше прв пораз во подготвителниот период.