• Саше Љолес
Поранешниот турски репрезентативец, Семих Ерден, официјално ја заврши својата богата кариера. 38-годишниот Ерден имаше импресивна кариера, а на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и сите убави години минати во клубовите ширум светот.
„Се збогувам со вас на начин кој ме прави горд и среќен. Заврши патот кој ме изгради како личност, пат кој ме исполнуваше со енергија и инспирација на секој чекор. Ви благодарам, никогаш нема да ве заборавам“, напиша Ерден.
Турскиот центар во кариерата настапуваше во Фенербахче, Бешикташ, Дарушафака, Ефес, Хацетепе, Исанбул, Каршијака, Турк Телеком и Бурса, а беше дел и од НБА лигата, каде играше за Бостон Селтикс и Кливленд Кавалирс.
Во 2010 година го освои сребрениот медал со Турција на Светското првенство, а има и три титули од домашното првенство.