• Зоран Мишевски
Најевени се коренити промени во кошаркарската секција на Реал Мадрид. По најавените заминувања на Љуљ, Родригез и Фернандез, сигурно дресот на „кралевите“ од следната сезоа нема да го носи и Хрватот Марио Хезоња.
Турчинот Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид. Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ. Тој на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и 2 скока.
Споменатиот Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос на Ергим Атаман.