Тројна трампа која ќе го однесе Харден во ЛА Клиперс, а Џорџ во Бруклин

Џејмс

Со заминувањето на генералниот менаџер на Хјустон Рокетс, Дарил Мори, се шпекулира дека екипата ќе ја напушти и првата ѕвезда Џејмс Харден. 

Според пишувањата на реномираниот новинар Рајан Шелинг, тројна трампа би можела да го однесе одличниот шутер во редовите на Лос Анџелес Клиперс. Пол Џорџ би бил приморан да си замине во Бруклин, а „ракетите“ во своите редови ќе ги добијат Денвиди, Шамет и Ален.

Харден има уште три години од својот договор со тимот од Тексас. На крајот од истиот ќе заработи 132 милиони долари.

Тој и Расел Вестбрук не ги оправдаа очекувањата на челниците на клубот. Амбициите на клубот беа барем борба за шампионска титула, но ѕвездите потфрлија во изминатите неколку сезони. Поради тоа отказ заработи и тренерот Мајк Д'Aнтони, што е најава за целосен ремонт на Хјустон во пресрет на новата сезона.

Оваа трампа на хартија изгледа задоволителна за сите екипи, особено за Клиперси, кои ќе доведат уште еден „ол-стар“ играч за да игра покрај Каваи Ленард.