Тројцата браќа Бол се во НБА: Лианџело ќе игра за тимот на Џордан

Кошаркарот Лианџело Бол официјално е нов член на екипата на Шарлот Хорнетс, со која потпиша „двоен договор“ и ќе биде дел од најквалитетната светска кошаркарска лига.

22-годишниот бек шутер во новата сезона ќе започне во развојната „Џи-Лига“, но постои клаузула која гласи дека Шарлот Хорнетс ќе мора да го користат најмногу 45 дена во актуелната НБА-сезона.

Во тимот на Мајкл Џордан, Лианџело ќе му се приклучи на братот Ламело Бол. Така, тројцата браќа Бол ќе бидат во најсилната лига. Тука е и Лонѕо Бол, кој е дел од Чикаго Булс.

Лианџело Бол играше за Шарлот во летната лига во која забележа во просек 9,6 поени и два скока, во 17 минути по натпревар.