• Иван Димовски

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Голден Стејт Вориорс со 134-117, потврдувајќи го првото место во Западната конференција. Средбата во „Бол Арена“ понуди две различни полувремиња, а домашните беа подобри во второто и заслужено победија.
- Денвер Нагетс - Голден Стејт Вориорс:
„Воините“ тргнаа подобро, водеа почесто во првото полувреме и имаа двоцифрена предност. Точно пред одморот Нагетси направија пресврт и минимално поведоа (70-69). Вториот дел беше поразличен, со одлична игра Денвер се одлепи и зачекори кон победата, а во завршната четвртина само го потврди убедливиот натпревар. Мареј беше најдобар поентер со 33 поени, пред Стеф Кари кој уфрли 28. Сепак, одличен натпревар во два правци одигра Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ ефект од 22 поени, 16 асистенции и 14 скока.
- Далас Маверикс - Њу Орлеанс Пеликанс:
До триумф дојде и Далас во пресметката со Њу Орлеанс Пеликанс (111-106). Лука Дончиќ со 31 поен ги предводеше Маверикси до славје на свој паркет. Победа по драма запишаа Лос Анџелес Лејкерси, на гостувањето кај Индијана Пејсерс (111-112). Дејвис и Леброн презедоа одговорност и го поведоа тимот со солидни партии.
- Индијана Пејсерс - Лос Анџелес Лејкерс:
На останатите терени, Милвоки минимално ги совлада Лос Анџелес Клиперси (106-105), Кливленд беше подобар од Мемфис (128-113), Никси триумфираа со Мајами (106-104) и Чикаго слави со Шарлот (114-98).