ВИДЕО: „Трипл-дабл“ на Јокиќ и победа на Денвер, Дончиќ не можеше сам во поразот од Атланта

Кошаркарите на Денвер Нагетс се радуваа на победа против Индијана Пејсерс (117-100) во НБА лигата. Повторно апсолутно најдобар на теренот беше Никола Јокиќ. Србинот забележа нов „трипл-дабл“, шести сезонава во деветтиот натпревар. Јокиќ уфрли 32 поени и беше без конкуренција, а фати 14 скока и подели исто толку асистенции. Во таборот на Индијана се истакна Несмит со 25 поени. 

  • Денвер Нагетс - Индијана Пејсерс:

Атланта со одличен тимски перформанс го победи тимот на Лос Анџелес Лејкерси со 122-102. Хоукси одиграа доминантно и се наметнаа уште од почетокот. Лука Дончиќ го заврши мечот со 22 поени и 11 асистенции, ама не можеше сам против разиграниот ривал. Дури седуммина беа двоцифрени во Атланта, најдобри беа Геи со 21 и Рисачер со 19, па следуваа Крејчи и Њуел со по 17, Валас (14), Оконгву (12), Дениелс (10).

На останатите терени победи забележаа Далас во Вашингтон (105-111), Филаделфија против Торонто (130-120), Кливленд над Чикаго (128-122), Мајами против Портланд (136-131), Сан Антонио со Њу Орлеанс (126-119) и Феникс кај Клиперси (103-114).