ВИДЕО: „Трипл-дабл“ на Јокиќ, Денвер ги елиминира Клиперс за историја!

Денвер Нагетс уште еднаш покажа дека претходните победи над Лос Анџелес Клиперс не беа случајни, затоа што славеше во „мајсторката“ (104-89) и обезбеди пласман во големото НБА-финале во Западната конференција.

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Мајк Мелоун дојдоа до триумф во седмиот натпревар и така се вратија од негатива од 1-3. Тие се прва екипа во историјата на плејофот која направила таков неверојатен пресврт за пласман во конференциско полуфинале и финале (претходно Денвер губеше слично и со Јута Џез).

Клиперси водеа борба, ама се распаднаа на влезот во последната четвртина во која шутот и тоа како не им одеше од рака. Уште на стартот Денвер од подносливи осум позитива за ривалот се одлепи двоцифрено (89-74), па Ленард и пријателите беа инфериорни и се помирија со поразот. Во еден момент Денвер имаше и +20 (102-82).

Лидер на мечот беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој заврши со „трипл дабл“ и уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите играчи во НБА. Корпулентниот Јокиќ даде 16 поени, зачинети со 22 скока, 13 асистенции и 3 блокади. Секако, акцент на победата се става и кај Џамал Мареј кој имаше вонсериска ноќ со 40 поени.

Ѕвездите на ЛА Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ имаа ноќ за заборав. „Канџата“ даде 14 поени со катастрофална реализација од поле (6/22), додека Џорџ имаше 10 поени, исто така со лош процент (4/15).

Ривал на Денвер Нагетс во западното НБА-финале ќе биде Лос Анџелес Лејкерс предводен од Леброн Џејмс.