• Иван Димовски

Кошаркарите на Далас Маверикс ја оправдаа фаворитската улога, ама потешко од очекуваното ја „скршија“ Оклахома (104-102). Пресметката во „Американ Еирлајнс Центар“ во Тексас мина во знакот на домаќинот, ама Тандерси не се предадоа во ниту еден момент и на крајот тесно загубија.
- Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандер:
Иако во своите редови го имаа во напад најрасположениот Гилџис-Александар кој уфрли 34 поени, во таборот на Мавси во два правци добро одигра Лука Дончиќ. Словенецот со 20 поени, 11 скока и 12 асистенции собра „трипл-дабл“, со кој го водеше тимот до славје.
Во новоименуваната „Крипто.ком Арена“, Лос Анџелес Лејкерси се радуваа во дуелот со Јута Џез (101-95). Иако гостите важеа за фаворит, не успеаја да го надиграат искусниот состав на „езерџиите“. Леброн Џејмс имаше забележителен настап и беше најдобар на теренот со 25 поени и по седум скока и асистенции, додека кај Јута се истакнаа Конли со 20 поени и Гобер со „дабл-дабл“ ефект од 19 поени и 16 скока.
- Лос Анџелес Лејкерс - Јута Џез:
Во специјалната целодневна претстава и натпреварите кои се играа по европско време Вашингтон славеше против Филаделфија (117-98), Кливленд беше подобар од Бруклин (114-107), тимот на Лос Анџелес Клиперс се радуваше со Индијана (139-133), а Мемфис триумфираше против Чикаго (119-106).
- Кливленд Кавалирс - Бруклин Нетс:
По полноќ шампионот Милвоки беше поразен на гостувањето во Атланта (121-114), Портланд во натпревар со малку поени го доби Орландо (88-98), Торонто загуби на Флорида од Мајами (104-99) и лидерот Феникс одигра според планот кај Сан Антонио (107-121).
- Сан Антонио Спарс - Феникс Санс: