• Иван Димовски
Кошаркарите на Далас Маверикс се пласираа во финалето на Западот, откако ја добија драмата против Оклахома Сити Тандер и славеа со 117-116 во шестиот меч од серијата. Гостинската екипа во „Американ Еирлајнс Центарот“ во Далас имаше предност од 17 поени во второто полувреме, меѓутоа ја прокоцкан и на крајот претрпе елиминација.
- Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандер:
Уште во првата четвртина Оклахома имаше двоцифрена предност, меѓутоа Далас се одржуваше близу до средината на вториот период. Тогаш гостинот влезе во серија и се одлепи, а на одмор замина со 48-64. На стартот на третиот период Тандерси водеа со најубедливите 17 разлика, последен пат 60-77.
Сепак, тогаш тргна серијата на Далас од 13-0 за целосно враќање во мечот. Иако и повторно Оклахома поведе со 13 разлика, немаше сили за исчекор и Маверикс дојдоа до егал. Во пресрет на завршницата Далас поведе со 115-110 и до крајот во серијата слободни удар беше подобар за конечно минимално славје.
Со 36 поени најефикасен на мечот беше Шеј Гилџус Александар, додека Лука Дончиќ уфрли „трипл-дабл“ од 29 пони, по десет скока и асистенции.
Далас сега во конференциското финале го чека победникот од мајсторката меѓу шампионот Денвер и Минесота.