ВИДЕО: Триото на Клиперси ги засени Дончиќ и Леброн за победа во дербито на Калифорнија

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперси славеа во дербито против Лос Анџелес Лејкерси (112-104) во НБА лигата. 

Калифорниското дерби во „Интуит Доме“ во Инглвуд му припадна на домаќинот. Уште во првата четвртина Клиперси најавија дека се порасположени, а потоа и до полувремето се одлепија. Лејкерси во вториот дел се обидоа да се вратат, бидејќи веќе разликата достигна максимални „плус 26“. 

Најефикасен играч на мечот беше Лука Дончиќ со 32 поени и 11 скока, а солиден беше и Леброн Џејмс со 23. Сепак, триото на Клиперси ги засени противничките ѕвезди, Кавај Ленард уфрли 24, а Зубац и Харден завршија со по 18 поени. Притоа, Хрватот го заврши мечот и со 19 скока.