Тринкиери купува од Италија, Томас и Мозли доаѓаат во Партизан

Поранешниот европски првак и вицешампион на Србија за сезоната 2018/19, белградски Партизан ќе пазари од италијанската Серија А. Тренерот Андреа Тринкиери обезбеди две имиња од клубови од „чизмата“, а трансферите во следните неколку часа треба да станат официјални.

Кошаркарот на Динамо Сасари, Рашон Томас се согласи на двегодишен договор со „црно-белите“, а неговиот чекор ќе го следи Вилиам Мозли од Алма Трст.

Партизан се преструктуира, уште не знае колкав буџет ќе има оваа сезона и колку ќе биде компетитивен. Со оглед на тоа што не доби „вајлд-карта“ за Евролигата, Партизан следната сезона ќе игра во Еврокупот.