Тринкиери кандидат за наследник на Обрадовиќ во Фенербахче?

Италијанскиот тренер кој го предводи Партизан, Андреа Тринкиери размислува да ја промени средината. Сепак, клубот сè уште не се договорил за нов договор со стручњакот, па српскиот медиум „Б92“ напиша за можноста да замине. 

Како потенцијален нов ангажман за Тринкиери се смета Фенербахче, каде би го наследил легендарниот Жељко Обрадовиќ. Ваквите информации ги потврдија и турските медиуми, кои го поддржаа Италијанецот за нов тренер на Фенер. 

Претходно во кариерата, Тринкиери ги водеше Канту, Уникс, Бамберг, репрезентацијата на Грција, а од 2018 година е предводник на Партизан.

Пред неколку месеци Тринкиер говореше дека нема поубаво место за кошаркарски тренер од белградски Партизан.