Тринкиери доби супер-центар: Гилепси од Орландо се сели во Баерн

Американскиот кошаркар Фреди Гилеспи денес потпиша двегодишен договор со Баерн, соопшти германскиот клуб. 25-годишниот Гилеспи е висок 203 сантиметри и игра на центарската позиција.

Пред Баерн, Американецот играше за Мемфис во Г-лигата, каде имаше просек од 9,9 поени и имаше 8,3 скока и 1,8 блокади на 34 натпревари.

„Сигурен сум дека Европа, а особено Баерн, се вистинското место за мене во овој момент да ја развивам мојата игра и да напредувам“, изјави американскиот кошаркар по потпишувањето на договорот.

Гилеспи во сезоната 2021/22. играше и за Орландо во НБА лигата, каде имаше просек од 2,3 поени, 4 скока и 1 блокада на девет натпревари. Американскиот кошаркар е четвртото засилување на Баерн во летниот преоден рок по Данко Бранковиќ, Елијас Харис и Јан-Никлас Вимберг. Германскиот клуб и во следната сезона ќе го води Андреа Тринчиери.