• Горан Упале
Српската кошаркарска репрезентација славеше над Франција со 90-87 во пријателски натпревар одигран во Белград, во меч кој донесе драматична завршница. Домашната селекција на полувреме имаше минимална предност од 46-45, но во третата четвртина успеа да се одвои и во еден момент стигна до +13.
Франција не се предаде и во финишот се врати во игра, намалувајќи на само два поени разлика. Сепак, во клучниот момент Алекса Аврамовиќ со спектакуларна блокада над Силвен Франциско го запре последниот напад на гостите и ја потврди победата на српската селекција.
Најефикасен кај Србија беше Никола Јокиќ со 20 поени, Милутинов постигна 15, а Аврамовиќ заврши со 13 поени. Двете селекции повторно ќе се сретнат в недела од 18:00 часот, овојпат во Орлеан.







