Трифуновиќ: Ги анализиравме грешките од поразот со Алба пред дуелот во Скопје

Кошаркарите на Партизан доаѓаат на меч со МЗТ Скопје во рамките на второто коло на Јадранскага лига. Српските „црвено-црни“ по поразот од Алба во Евролигата ќе гостуваат во Скопје. Токму за мечот со берлинскиот клуб се осврна Урош Трифуновиќ, кој нагласи дека тимот не треба да ги прави истите грешки.

„За ова ни зборуваа поискусните играчи и тренерите. Ритамот на Евролигата е неверојатен. МЗТ е екипа која влезе од втората АБА лига. Имавме состанок и тренинг на кој работевме на исправање на грешките кои ги правевме со Алба, со цел подобро да се подготвиме за мечот во Скопје“, кажа Трифуновиќ.

Партизан оваа сезона е меѓу главните фаворити за освојување на АБА лигата, па јасно е дека МЗТ Скопје пак ќе има пеколно тешка задача. Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра в понеделник од 16:00 часот.