Три македонски екипи ќе играат во АБА2: Познати групите за новата сезона

Извршена е ждрепката за новата сезона во АБА 2 лигата, во која Македонија повторно ќе има три свои претставници, МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и дебитантот Маџари.

Шампионот МЗТ Скопје, ќе настапува во групата Ц, каде за ривали ги доби црногорска Сутјеска, српска Слобода Ужице и словенечки Триглав Крањ. ТФТ ќе се натпреварува во групата Б, заедно со Слобода Тузла, Шенчур, Херцеговац и Подгорица.

Историски настап во регионалното натпреварување ќе има и Маџари, кој е сместен во групата А. Македонскиот тим ќе се соочи со Војводина, Борац Бања Лука и Морнар Барско Злато.
Во групата Д се најдоа Златибор, Приморје, Цедевита Јуниор и Баскет Живинице.