Три екипи чекаат цела вечност, пет никогаш не освоиле НБА титула

НБА

Познати се последните осум екипи кои ќе водат завршна битка за титулата во НБА лигата. На програмата во наредните денови ќе бидат конференциските полуфиналиња.

Настапите завршија за Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс, Далас Маверикс и Лука Дончиќ, а во финишот од сезоната нема да ги гледаме уште Портланд, Бостон, Њујорк, Мајами... Од франшизите кои останаа „живи“, дури пет никогаш не се радувале на престижниот трофеј. Тоа се Феникс, Денвер, Бруклин, Јута и Лос Анџелес Клиперс.

Останатите три екипи цела вечност чекаат одново да се вратат на НБА тронот. Атланта последен пат се радуваше 1958 година, Милвоки во 1971 година, а Филаделфија во 1983 година.

Завршницата од сезоната ќе донесе уште многу возбудливи моменти. Како изразити фаворити за највисок пласман се издвојуваат Бруклин, Милвоки и Лос Анџелес Клиперс.