Трета среќа за Пелистер или единаесетти трофеј за МЗТ Скопје? Стартува финалето во мак-кошарката!

Во сабота, започнува финалната серија од кошаркарскиот плеј-офот на Македонија. По 31. пат во 32. првенствена сезона, следува одлуката, кој ќе биде шампионот за сезоната 2023/24.

Во 32. финале, екипата од МЗТ Скопје влегува со многу повеќе трофеи, но тоа во серијата против Пелистер која стартува во утре навечер, не мора да значи дека е пресуден фактор. Финалната серија стартува од СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот единаесетти, додека Пелистер на првиот шампионски трофеј.

Во плеј-офот поуспешен беше шампионот. МЗТ Скопје не загуби ниту еден натпревар во четвртфиналната и полуфиналната серија. Тоа значи дека со по 3-0 славеше над Гостивар во четвртфиналето и над ТФТ Mozzart во полуфиналето.

Од друга страна пак пелистерци беа максимални во четвртфиналната серија со Еуро Никел 2005, која ја решија во само три одиграни мечеви. Во полуфиналето, против подоброрангираниот Работнички, забележаа еден пораз, и тоа на гостински терен, во СРЦ „Кале“ во Скопје. Но, и тоа беше сосема доволно за трета година по ред да го предизвикаат МЗТ Скопје Аеродом во битките за шампионската титула.