• Горан Упале
Дали ова е почеток на подобрите денови за кошаркарскиот клуб Црвена Звезда? Откако пред неколку дена остана без тренерот Сферопулоса, српскиот гигант приреди сензација во Истанбул и го тресна европскиот шампион Фенербахче со 81-86.
„Црвено-белите“ фуриозно го започнаа натпреварот и уште по првите десет минути се одлепија на осум поени (17-25). Домаќинот беше уште понемоќен во втората четвртина и постигна само 13 поени, а Црвена Звезда замина на +13 (30-43). Во второто полувреме Фенер го подигна нивото на игра, но недоволно за пресврт и победата заслужено замина за Белград.
Монаке со 20 поени и 12 скока доминираше за Црвена Звезда, додека за Фенер одлични беа Бонзи Колсон и Хортон-Такер со по 19 поени.
По поразот од Реал Мадрид во претходното коло, кошаркарите на Олимпијакос без посериозни проблеми им се вратија на победите во Евролигата и во својот дом со убедливи 86-67 го совладаа составот на Дубаи.
Најдобар поединец на паркетот беше Везенков со 25 поени, а Дорсеј имаше 14. Кај дебитантот најпрецизен беше Петрушев со 14 поени.
ФОТО/PHOTO: Euroleague







