Тренерот на Широки: Очекувам неизвесен и нервозен натпревар во Битола

Поразот во Суперкупот на Македонија од МЗТ Скопје е заборавен и вицешампионот Пелистер е подготвен за првиот натпревар од АБА2 лигата сезонава. По домашната победа на МЗТ Скопје и домашниот пораз на Работнички, сега на ред е вицешампионот, кој во последните неколку сезони достојно ја презентираше нашата земја во регионалното натпреварување, кое се играше по друг систем на натпреварување.

„Сакаме да бидеме конкурентни со сите клубови во АБА2 лигата и оваа сезона. Имаме многу нови играчи, а нашиот тим е релативно млад, па уште се навикнуваме. Што се однесува до натпреварот со Пелистер, очекувам неизвесен и нервозен натпревар затоа што на почетокот на новата сезона секогаш треба да се усогласиме со играта и да се обидеме да го наметнеме нашиот ритам. Се надеваме дека ќе се прикажеме во добро светло на овој прв натпревар“, рече Иван Велиќ.

Овој натпревар е прв меѓународен натпревар за битолскиот клуб пред своите гледачи, откако веќе три години е дел од „балоните“ на АБА2 лигата.