Тренерот на Партизан заврши в болница пред натпреварот во Бар

Италијанскиот стручњак и тренер на српскиот вицешампион Партизан, Адреа Тринкиери заврши в болница непосредно пред почетокот на натпреварот во Бар, против екипата на Морнар во рамките на АБА лигата. 

Нему му се слошило веднаш по влегувањето во салата во Бар, итно бил префрлен в болница, а по извршените лекарски прегледи се вратил во хотелот и одморал. Тринкиери е астматичар и се претпоставува и дека болеста предизвикала здравствените проблеми.

Партизан победи на тешкото гостување во Бар со 65-76, а екипата од клупата ја водеше Владо Шчепановиќ, првиот помошник на Тринкиери.