• Саше Љолес
Тренерот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дејно, изјави дека Сан Антонио заслужено се пласирал во финалето на НБА лигата, истакнувајќи дека неговиот тим одиграл добро, но недоволно за пласман во финалната серија.
Оклахома важеше за фаворит во пресметките со Сан Антонио, но ја загуби серијата во седум натпревари и го предаде тронот кој го освои минатата сезона.
„Едноставно, беа подобри од нас во текот на целиот меч. Мислам дека одигравме солидно, моите играчи знаеја што треба да прават, но потклекнавме во најважните моменти.
Честитки за ривалот, заслужено е во финалето. Ние ќе се обидеме да извлечеме поука од овој пораз и ќе се вратиме посилни следната сезона“, рече Дејно.
Сан Антонио ќе се соочи во големото НБА финале со екипата на Њујорк Никс. Серијата започнува на четврти јуни.


