Тренерот на Мајами се изнервира по прашање за Јокиќ: Смешно е!

Откако неговиот тим победи на гостински терен и изедначи во финалната серија, тренерот на Мајами, Ерик Споелстра, покрај прашањата за одиграната партија на своите избраници, доби и неочекувано прашање за Никола Јокиќ.

Еден новинар го праша Споелстра како успеал да го претвори Јокиќ од асистент во шутер. Токму ова прашање го изнервира искусниот стручњак, па со голема почит зборуваше за српскиот центар.

„Ова е смешно. Никола Јокиќ е неверојатен играч, тој е најдобар на планетата веќе две сезони.

Мора да се фокусираме на она што го правиме. Се обидуваме да направиме нешто на потешкиот начин. Тој бара од нас да направиме многу работи на потешкиот начин и бара многу почит“, заклучи Споелстра.

Кошаркарите на Мајами Хит до „брејк“ во вториот натпревар од финалната НБА серија стигнаа со победата над Денвер Нагетс од 108-111.