Тренерот на Џокер: Нè чека многу, многу тежок натпревар против Пелистер

Екипата на Џокер е единствената со максимални три победи по првите три кола во групата Ц од новата сезона во АБА2 лигата. Клубот чиј сопственик е Никола Јокиќ во вторник ќе атакува на четвртиот триумф, а за противник одново ќе го има македонскиот вицешампион Пелистер.

Пред нешто помалку од две седмици српскиот тим по голема драма славеше во Битола, а тренерот Владимир Лучиќ истакна дека пред нив е уште еден исклучително тежок натпревар.

„Го пречекуваме тимот на Пелистер со кој се судривме во претходното коло во АБА2. Беше многу тежок натпревар за нас, особено по долго патување. Имавме лош почеток на тој натпревар, но успеавме да бидеме подобри во вториот дел, да се вратиме во игра и да победиме. 

Извесно е дека Пелистер доаѓа да ги одмери силите со нас. Нè чека многу, многу тежок и напорен натпревар, бидејќи треба да ја оствариме четвртата победа во АБА2 лигата и со тоа да го решиме преминот во втората фаза, што беше наша примарна цел“, рече тренерот на Џокер.

Пелистерци само победа ги остава во игра за пласман во втората фаза, но „зелено-белите“ и на оваа средба ќе бидат ослабен со неиграњето на летното засилување Бојиќ.