Тренерот на Џокер: Едвај чекам да ги видам момците како се надигруваат пред битолската публика

Владимир Лучиќ, тренерот на Џокер, не го криеше задоволството што неговата екипа ќе гостува во Битола во третото коло од новата сезона во АБА2 лигата. 

Лидерот во второлигашкото регионално друштво пред средбата со Пелистер истакна дека едвај чека да ги види неговите момци како се надигруваат во битолската сала против екипа која што ја силно ја респектира. 

„Нè очекува многу важен и тежок натпревар против екипа која игра многу добро, особено на домашен терен. Тимот е составен од искусни играчи со двајца одлични странци. За Пелистер играат Бојиќ и Мишковиќ - играчи кои се многу добро познати на нашата публика. Така против Пелистер сигурно нема да биде лесно. 

Во добар ритам сме. Забележавме четири последователни победи и ќе дадеме сè од себе да се обидеме да ја продолжиме таа серија. Немаме многу денови да се подготвиме за натпреварот, бидејќи игравме во петокот, но момците работат одлично, тренираат, атмосферата е добра, тие се позитивни. Со одличен пристап и добра подготовка за натпреварот, секако дека можеме да одиграме добар натпревар. Со нетрпение го очекувам гостувањето пред кошаркарската публика и прилично исполнета сала и едвај чекам да ги видам момците како ќе се надигруваат со одлична екипа која веќе во АБА2 лигата игра трета година по ред, односно со тимот кој е вицешампион на Македонија“, рече Лучиќ.

Средбата меѓу Пелистер и Џокер се игра в среда, со почеток од 18:00 часот. „Зелено-белите“ досега имаа половичен успех од една победа и еден пораз.