Тренерот на Бостон поради афера гледа кон долга суспензија

Угледниот и добро упатен новинар на „ЕСПН“, Адриан Војнаровски пренесе интересни информации. Имено, тренерот на Бостон Селтикс, Име Удока, се соочува со суспензија. 

Причината за тоа е интимна врска со жена која е вработена во структурите на клубот. Иако Удока е во брак, тој бил вмешан во афера со вработена во Бостон. Според прописите, тоа е кршење на правилата и тренерот се соочува со санкција. Отказ веројатно е предалечна опција, но суспензија на засега непознат временски интервал е реална опција. Постои можност од дури едногодишна пауза од кошарката за Удока. 

Доколку се исполни „црното“ сценарио, тимот веројатно ќе го води неговиот асистент Џо Мазул. Удока минатата годиина го водеше Бостон до финалето во НБА лигата, прво по пауза од 12 сезони. Сепак, ниту тој успех нема да го поштеди од санкција, доколку се потврди кршењето на правилата.