ВИДЕО: Тренерот на Баерн и Никола Калиниќ во кавга по тензичниот меч во Минхен

По завршувањето на драматичниот плеј-ин натпревар од Евролигата помеѓу Баерн и Црвена Звезда, дојде до вербална пресметка меѓу Никола Калиниќ и тренерот на домашната екипа, Гордон Херберт.

Тренерот на Баерн не беше особено расположен да зборува на оваа тема, па се пошегува.

„Разговаравме за почетокот плеј-офот во хокеј. Синоќа мојот тим загуби“, рече Херберт.

Баерн Минхен по продолжение славеше со 97-93 и ќе игра против Реал Мадрид за место во плеј-офот.