Тренерите „победија“, Евролигата воведува по два челенџи

Новата сезона на Евролигата ќе добие еден новитет, по желба и барање на тренерите. 

Имено, сите екипи ќе имаат право на два челинџа по натпревар, за спорни моменти во кои сметаат дека се оштетени. Инспирирани од одбојкарските правила и кошаркарските клубови побараа шанса за прегледување на одлуките. 

Оваа информација ја потврди тренерот на Жалгирис, Казис Максвитис, кој во разговор за клупската телевизија ги откри промените на правилата. Евролигата пред стартот на сезоната ќе ги соопшти минималните промени.