Трајковски: Тажен сум бидејќи игравме со големо срце на секој меч, за секоја топка...

Трајковски

Тесната победа над Естонија значи дека македонската репрезентација нема да биде дел од Евробаскетот наредната година.

Еден од нашите најдобри поединци беше Бојан Трајковски. Центарот запиша 21 поени, а по мечот имаше само пофални зборови за младите соиграчи од репрезентацијата.

„Тажен сум и разочаран бидејќи младите кошаркари ќе го пропуштат овој Евробаскет. Имавме проблеми на почетокот, но одигравме до крај со големо срце за секоја топка и на секој меч. Докажавме дека можеме да се надигруваме со репрезентации како Италија и Русија. Се надеваме дека ќе можеме да го поправиме ова во наредните квалификации“ , рече македонскиот репрезентативец.

Потоа членот на Пелистер зборуваше за своите идни планови, кога е во прашање репрезентативната кариера.

„Ќе играм до крајот на кариерата, сега уште повеќе сакам да играмбидејќи младите ми даваат надеж и мотивација. Ќе бидам тука за да им давам поддршка. За сè што им треба ќе бидам достапен и така ќе остане до крајот на мојата кариера“ , рече 34-годишникот.

  • Прес-конференцијата на македонската репрезентација:

Квалификацискиот турнир во Перм за Македонија донесе две победи и исто толку порази.