• Горан Упале
По еден месец борба почина Серхат Гунеш, кондицискиот тренер на турскиот кошаркарски гигант Ефес.
Младиот 40-годишен стручњак на 12 мај доживеал срцев удар за време на тренинг. Во негова близина тогаш бил докторот Серхан Анталијали, кој брзо реагирал.
Срцето на Гунеш не работело 10 минути, но по интервенцијата на Анталијали повторно почнало да чука. Потоа пристигнала Итна помош, која го пренела во болница. Таму веднаш бил интубиран, а првичните информации за неговата здравствена состојба укажувале на напредок. За жал, по речиси еден месец, Гунеш ја загуби битката.
Серхат имал скромна кошаркарска кариера, а од 2016 година работел како кондициски тренер. Во Ефес на таа позиција беше три години.
