Трагедија во САД: Почина млад кошаркар на Мемфис Гризлис

Шокантна вест го потресе светот, откако кошаркарот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, почина на само 29-годишна возраст.

Клубот од Мемфис ја потврди трагичната информација, но засега не се соопштуваат официјални детали за причината за смртта. Од тимот порачаа дека загубиле „исклучителен човек и голем борец на теренот“.

Кларк важеше за еден од најенергичните играчи во составот на Гризлис, а во НБА лигата настапуваше од 2019 година. Со својата пожртвуваност и атрактивни настапи, брзо стана еден од милениците на навивачите.

Американските медиуми наведуваат дека во последните денови имало шпекулации поврзани со неговиот приватен живот, но засега нема официјална потврда за точната причина за смртта.

Од кошаркарскиот свет пристигнуваат бројни пораки со сочувство, а неговите соиграчи, тренери и навивачи се простуваат од Кларк преку социјалните мрежи.