Трагедија во НБА: Навивач почина на трибина, а играчите не забележаа

Натпреварот од НБА Купот меѓу Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс доби и трагичен сегмент. 

Имено, за време на првата четвртина на трибините во „Голден 1 центарот“ се случувала драма која завршила трагично. Еден навивач загубил свест, не успеале да му помогнат ниту докторите и тој починал. 

„Во текот на првата четвртина на натпреварот Сакраменто - Њу Орлеанс, дојде до итен случај на трибините. Медицинските лица веднаш реагираа и се обидоа да укажат прва помош, но обидите не беа успешни и навивачот почина“, стои во соопштението на Кингси. 

За смртта на 30-годишникот актерите на паркетот дознаа дури по натпреварот. За време на играта кошаркарите и лицата на клупите не ја забележале оваа ситуација, а тоа го откри асот на домашните Киген Мареј.