Тотална доминација: Леброн е лидер меѓу стрелците, а шутира најмалку слободни фрлања

Леброн

Леброн Џејмс ја игра 19-та сезона во НБА лигата и се обидува да ја освои втората награда „најдобар стрелец“ во регуларниот дел од сезоната.

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс засега има блага предност пред Џоел Ембид и Јанис Антетокумбо. Останува уште малку до крајот на сезоната, па наредниот период ќе биде клучен за „кралот“ во обидот да стигне до престижната награда, но и да обезбеди место на својата екипа во плеј-ин турнирот.

Колкава е доминацијата на Леброн покажува податокот дека има просек од 5,9 обиди од линијата за слободни фрлања по натпревар. Тоа е далеку помалку од Ембид (11,8) и Антетокумбо (11,6).

Тоа само покажува дека ѕвездата на „езерџиите“ игра во животна форма. Токму тоа е потребно за тимот од Калифорнија да биде конкурентен, во отсуство на Ентони Дејвис, кој наскоро ќе се врати од повреда.