ВИДЕО: Торонто го возврати ударот и изедначи во Источното финале

Екипата на Торонто Репторс се врати во финалната серија, откако во четвртиот натпревар успеаја да слави над Милвоки Бакс (120-102) и така изедначи на 2-2 во финалето на Источната конференција.

  • Извештај од натпреварот:

Репторси го одбранија домашниот терен и ги добија двата меча, со што ја вратија неизвесноста во серијата. Милвоки беше конкурентен само пред крајот на првата четвртина кога имаше водство, а потоа следеше серија на домашниот од 13-0, со која се одлепи на 41-31 и цело време ја држеше двоцифрената предност. Голем придонес во триумфот на тимот од Канада имаше подобрата клупа.

Во редовите на победникот Торонто најефикасен беше Кајл Лаури со 25 поени, додека кај Милвоки, Мидлтон заврши со 30 поени, а Антетокумпо со 25 поени и 10 скока. Првата ѕвезда на „рептилите“, Каваи Ленард имаше 19 поени, 7 скока и 1 асистенција.

Следниот меч од финалната серија на Истокот се игра в петок од 2:30 часот по полноќ, а мечевите се враќаат на домашен терен кај Милвоки.