• Иван Димовски

Кошаркарите на Торонто Репторс го прегазија Брукин без ѕвездите во тимот (97-133). Кевин Дурант и Бен Симонс се неспремни, а Кајри Ирвинг и понатаму не смее да игра домашни натпревари, па тоа го искористи ривалот од Канада, кој, иако беше без Ануноби, сепак победи.
- Бруклин Нетс - Торонто Репторс:
Уште во првиот период Торонто дојде до двоцифрена предност која до полувремето порасна. Во вториот дел Репторси дополнително ја зголемија позитивата, го декласираа ривалот и пред крајот поведоа со највисоки +39. Најдобар на паркетот беше Барнс со „дабл-дабл“ од 28 поени и 16 скока, додека му помогнаа Ачиува со 20 и Флин со 18 поени. Кај Нетси се истакна Олдриџ со 15, додека Браун и Томас уфрлија по 14 поени.
Убедлив триумф запиша шампионот Милвоки Бакс во дуелот со Шарлот Хорнетс (130-106). Јанис Антетокумбо со двоен ефект од 26 поени и 16 скока го предводеше својот тим до победата. Иако Ламело Бол беше разигран и уфрли 24 поени, Хорнетси немаа сили за изненадување во „Фисерв Форум“.
- Милвоки Бакс - Шарлот Хорнетс:
На останатите терени Мемфис запиша победа над Сан Антонио (118-105), Минесота славеше во Кливленд (122-127), Орландо триумфораше со Индијана (119-103), Мајами беше подобар од Чикаго (112-99) и Оклахома загуби од Сакраменто (110-131).