Торонто го награди Сиакам со четиригодишен договор вреден 130 милиони долари

Сиакам

Кошаркарот со најголем напредок во минатата НБА сезона, Паскал Сиакам, го доби посакуваниот договор од екипата на Торонто Репторс.

Актуелниот шампион во најсилната лига во светот склучи соработка со 25-годишниот интернационалец од Камерун за продолжување на договорот за нови четири години. Истиот на кошаркарот ќе му донесе максимални 130 милиони долари.

Сумата би можела да се искачи на 156 милиони долари, под услов бекот во наредните четири сезони да биде дел од првата или втората најдобра екипа во лигата, или ако ја освои МВП наградата.

Ова е големо зголемување на приходите за Сиакам, со оглед на тоа што моментално заработува само 2,8 милиони долари.

Во изминатата сезона, во која тимот од Канада се круниса за НБА шампион, Камерунецот оствари просек од 19,1 поени, 7,3 скока и 3,5 асистенции по натпревар.