• Саше Љолес
Торнике Шенгелија од Барселона е најкорисен играч (МВП) на осмото коло од Евролигата, објави денес официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Шенгелија запиша 24 поени, пет скока и пет асистенции за 30 минути во победата на Барселона над Партизан од 78-76, со шут од поле 6/8.
Тој имаше индекс на корисност од 42, со што ја освои наградата за најдобар играч на колото во Евролигата по деветти пат. Тајрик Џонс од Партизан имаше индекс на корисност од 29, откако запиша 15 поени, 13 скока и седум асистенции, додека Матео Спањоло од Басконија оствари вкупен индекс од 28.
Коди Милер-Мекинтаер од Црвена Звезда запиша 26 индексни поени, додека Никола Милутинов од Олимпијакос имаше 25.









